106 хумани граѓани учествуваа во првата крводарителска акција за 2026 година
На ден 16.01.2026 година, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка успешно ја реализира првата крводарителска акција за 2026 година, која се одржа во салата на Црвениот крст. Акцијата беше организирана со цел да се подигне јавната свест за значењето на доброволното крводарителство, хуманоста и солидарноста кон оние на кои им е најпотребна помош.
Вкупно беа собрани 106 крвни единици, од кои 81 крводарител од машки пол и 25 од женски пол, а меѓу нив имаше и 15 нови херои, кои за прв пат даруваа крв.
Оваа акција ја потврди високата свест на граѓаните за важноста на доброволното крводарителство како израз на хуманост и солидарност, и го истакна значењето на редовното учество во крводарителски активности како клучен придонес за зачувување на животите во заедницата.



< врати се назад










































