ноември 20, 2025
20 Ноември – Денот на детето
Радост и насмевки за најмалите
По повод Денот на детето (20 ноември), Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка организираше топла и весела посета на детската градинка „Детелинка“. На децата им беа подарени балони и боенки, изработени од волонтери при Клубот на млади. Во пријатна и дружељубива атмосфера со маскотата мече, децата уживаа во песни и игри, создавајќи моменти полни со радост и насмевки.
На овој ден, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка преку своите волонтери и активности го посвети сето внимание и љубов на најважното – радоста и насмевките на секое дете.



< врати се назад










































