3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Општинската
организација на Црвен крст Крива Паланка, во соработка со Општина Крива Паланка,
втора година по ред ја реализира активноста за посета на Дневниот центар за лица со
попреченост.
Во рамки на активноста беа доделени пакетчиња со гардероба, обезбедени преку
програмската активност „Ваучер за купување на гардероба на лица корисници на услугата
Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост и лица сместени во
згрижувачки семејства“, евидентирани во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа
Крива Паланка, согласно Програмата за детска и социјална заштита за 2025 година.
Ваквите активности покажуваат дека секој гест на поддршка и внимание е важен за
оние на кои им е најпотребно.


< врати се назад










































