февруари 19, 2026

92 хумани срца – успешна крводарителска акција

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, во соработка со ИТМ Скопје, на ден 19.02.2026 година спроведе крводарителска акција на која пристапија 92 дарители, од кои 32 од женски пол и 60 од машки пол. Особено радува фактот што меѓу нив имаше и 6 нови дарители кои за првпат даруваа крв, покажувајќи висока свест и хуманост.

Со оваа акција уште еднаш се потврди солидарноста и хуманоста на граѓаните од Крива Паланка, кои несебично придонесуваат за спасување човечки животи.

Tags:
< врати се назад