октомври 21, 2025

96 крводарители ја покажаа својата хуманост

На ден 21.10.2025 година, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка успешно ја реализира крводарителска акција, која се одржа во салата на Црвениот крст. Акцијата беше организирана со цел да се подигне јавната свест за значењето на доброволното крводарителство, хуманоста и солидарноста кон оние на кои им е најпотребна помош. Вкупно беа собрани 96 крвни единици, од кои 62 крводарител од машки пол и 34 од женски пол, а меѓу нив имаше и 12 нови херои, кои за прв пат даруваа крв. Оваа акција ја потврди високата свест на граѓаните за важноста на доброволното крводарителство како израз на хуманост и солидарност, и го истакна значењето на редовното учество во крводарителски активности како клучен придонес за зачувување на животите во заедницата.

Tags:
< врати се назад