декември 23, 2025

99 крводарители ја завршија годината со хумано дело на последната крводарителска акција за 2025 година



                 На ден 23.12.2025 година, од 9:00 до 15:00 часот, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Општинската организација ја реализира последната крводарителска акција за 2025 година.

На акцијата се приклучија 99 крводарители, меѓу кои и градоначалникот на Општина Крива Паланка. Со своето присуство и ангажман, крводарителите повторно го потврдија својот несебичен придонес и пожртвуваност, покажувајќи дека дарувањето крв е вистински чин на хуманост и грижа за животот.

Tags:
< врати се назад