декември 17, 2025

Ден на благодарност кон хуманите крводарители

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, по повод 17 Март – Денот на крводарителството, на ден 17.12.2025 година организираше свечен настан посветен на искажување благодарност кон крводарителите за нивната исклучителна хуманост и несебичен придонес.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, кој се придружи во искажувањето благодарност кон крводарителите.
Во рамки на настанот беа доделени благодарници, значки и пригодни подароци како симболично признание за хуманото дело што секојдневно спасува животи. Дополнително, беа доделени и благодарници за соработниците и поддржувачите кои помагаат во реализацијата на активностите и придонесуваат за унапредување на крводарителството и хуманоста во заедницата.
Настанот претставуваше можност да се искаже благодарност на крводарителите и на сите кои придонесуваат за хуманоста и солидарноста во заедницата.

Tags:
< врати се назад