октомври 9, 2025

Децата од детска градинка „Детелинка“ во посета на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење

           Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка на ден 09.10.2025 организираше и реализираше меѓугенерациско дружење, со цел поттикнување на солидарноста и меѓусебното разбирање помеѓу различните генерации.

Во рамки на активноста, дечиња од локалната детска градинка „Детелинка“, во придружба на својот воспитувач и негувател, ја посетија Општинската организација на Црвен крст  Крива Паланка. Тие беа срдечно пречекани од вработените и од корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење. За време на посетата, децата имаа можност да се запознаат со основните принципи и активности на Црвениот крст, како и да научат повеќе за значењето на солидарноста, хуманоста и помагањето на другите.

Дружењето помина во пријатна и топла атмосфера, исполнета со разговор, песна и насмевки, а посетата заврши со размена на подароци и убави спомени.

< врати се назад