Дисеминација
Што е дисеминација?
Во поширока смисла на зборот дисеминација е ширење на знаењата за Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, улогата и мандатот на Меѓународниот комитет на Црвен крст, Меѓународна федерација на национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и активности на национални друштва, основните принципи на Движењето, Меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности.
Основни принципи:
- ХУМАНОСТ
- НЕПРИСТРАСНОСТ
- НЕУТРАЛНОСТ
- НЕЗАВИСНОСТ
- ДОБРОВОЛНА СЛУЖБА
- ЕДИНСТВО
- УНИВЕРЗАЛНОСТ
Дисеминацијата е една од приоритетните цели на Црвениот крст на РСМ.
Дисеминацијата ја вршат едуцирани кадри (волонтери и професионално вработени) чие оспособување започна од 1995 година од Меѓународен комитет на Црвен крст (МКЦК), а продолжува и до ден денес.
Во профилот на дисеминаторите опфатени се лица со мешана образовна, возрасна, полова и етничка структура.
Како целни групи на слушатели се главно ученици од основното и средно образование, студенти, претставници на месна и локална самоуправа, невладини организации и здруженија на граѓани.
Теми кои се обработуваат на презентациите се:
- Историјат на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумсечина;
- Oсновните принципи;
- Aмблемот на Црвениот крст;
- Mандатот и активностите на компонентите на Движењето;
- Aктивности на Црвен крст на РСМ;
- Меѓународно хуманитарно право со Женевски конвенции од 1949 година и Дополнителни протоколи од 1977 година.
Во зависност од целната група на слушатели се презентираат и соодветни теми. За презентација се користат печатени и видео материјали, прирачници, флип чартови и нагледни средства.
Специфични цели
- Градење капацитет на волонтерска мрежа;
- Јакнење на програмата за дисеминација/комуникација;
- Обука на вработени во Организацијата на Црвениот крст;
- Дисеминациски сесии од едуцирани дисеминатори;
- Печатење и промоција на материјали.
Активности
Едукација на кадри – Преку семинари, работилници и предавања на Црвениот крст се врши оспособување на волонтери за реализирање на активности за дисеминација.