мај 9, 2025

„Генералка викенд 2025“ – Чистата околина почнува од нас

На 9 мај 2025 година, корисниците од Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење при ООЦК Крива Паланка активно се вклучија во еколошката акција „Генералка викенд 2025“.

Со силна мотивација и желба да придонесат за почиста и поздрава животна средина, корисниците беа организирани во три групи кои дејствуваа на различни локации низ градот. Првата група вршеше чистење на просторот околу автобуската станица, втората група го опфати кејот покрај Крива Река, додека третата група го чистеше патот кој води до Манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.

Акцијата претставуваше одличен пример за активно стареење, граѓанска одговорност и заедничка грижа за животната средина.

Да не заборавиме – чистата околина започнува од секој од нас. Да не оставаме отпад зад себе, туку да оставиме позитивен пример!

Tags:
< врати се назад