март 26, 2026

Голем одзив: 101 лице даруваа крв на крводарителската акцијата

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка на ден 26.03.2026 година во сала при ООУ ,,Св.Јоаким Крчовски” успешно организираше и реализира крводарителска акција, при што уште еднаш се покажа вистинската хуманост на дело.
Во рамки на акцијата беа собрани вкупно 101 крвни единици, со учество на 73 мажи и 28 жени. Особено значајно е што 7 лица за прв пат даруваа крв, покажувајќи солидарност, храброст и подготвеност да помогнат на оние кои тоа им е најпотребна.
Акцијата помина во позитивна и хумана атмосфера, сите крводарители дадоа значаен придонес во спасување човечки животи.

Tags: ,
< врати се назад