мај 20, 2025
Херои со срце: кога пламенот се гаси, надежта се пали!
По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите, младите волонтери од Клубот на млади при ООЦК Крива Паланка приредија топло и несекојдневно изненадување за локалните херои.
Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна борба со огнените стихии, волонтерите ги изненадија пожарникарите со торта и искрени честитки. Со овој гест тие испратија силна порака – дека зад секој изгаснат пламен стојат луѓе кои палат надеж и спасуваат животи.
Честит 20 Мај – Ден на хероите кои неуморно го чуваат нашето утре!

< врати се назад










































