јули 24, 2025
Херојството почнува со дарување крв
На 24.07.2025 година, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка успешно реализираше крводарителска акција во салата на Црвениот крст.
Акцијата имаше за цел да ја поттикне свеста за значењето на доброволното крводарителство и да ги промовира вредностите на хуманоста, солидарноста и несебичната помош.
Вкупно беа собрани 85 крвни единици, особено нè радува што голем број граѓани се одзваа на повикот и со својот хуман гест придонесоа да се спасат човечки животи. Секој даруван дел од крв значи нова надеж за некого.



< врати се назад










































