август 21, 2025

Хуманоста на дело: 100 крводарители даруваа крв

На ден 21.08.2025 година, од 9:00 до 15:00 часот, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Општинската организација ја реализира акцијата за крводарителство.

На акцијата се приклучија 100 крводарители кои со своето присуство и ангажман,повторно го потврдија својот несебичен придонес и пожртвуваност, покажувајќи дека дарувањето крв е вистински чин на хуманост и грижа за животот.

Tags:
< врати се назад