мај 5, 2025

Инспиративна посета на Градскиот музеј – Крива Паланка

На ден 21.05.2025 година, корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење реализираа посета на Градскиот музеј во Крива Паланка.
Посетата овозможи запознавање со богатото културно наследство на градот, поттикнувајќи интерес, љубопитност и нови сознанија кај присутните.
Активното стареење подразбира континуирано духовно и културно збогатување, а ваквите активности претставуваат вистински пример за тоа. Тие придонесуваат за социјализација, учење и размена на искуства, без оглед на возраста.

Tags: ,
< врати се назад