август 14, 2025

Интернационален настан – Еurope Ride 2025

На ден 14.08.2025 година, Општинска организација Црвен крст – Крива Паланка со 10 волонтери се вклучи во успешна реализација на настанот ,,Europe Ride’’.

Настанот беше дел од караван-турата со возила Peugeot 205 од Франција, која поминува низ повеќе европски градови.

Спроведени активности:

  • Пречекување на учесниците
  • Насочување на возилата при влезот на стадионот
  • Распоредување и паркирање на автомобилите
  • Давање основни информации и упатства на учесниците

Целта при ова учество е да се покаже хуманост,ангажман и подготвеноста на Црвен крст-Крива Паланка во поддршка на интернационални настани и безбедно движење на автомобилите.

Tags:
< врати се назад