декември 5, 2025

Изложба на тема ,,Достоинствена старост низ фотографии што раскажуваат”

На ден 05.12.2025 година, во просториите на Европска куќа се одржа изложба на фотографии со наслов „Достоинствена старост низ фотографии што раскажуваат“, која ги долови животните приказни, искуства и емоции на повозрасните лица – корисници на Дневниот центар за стари лица со активно стареење.

Изложбата претставуваше уникатен визуелен приказ на секојдневието, спомените и мудроста на луѓето од третата доба. Фотографиите, создадени од самите корисници на центарот, носеа силни пораки за значењето на активното стареење, меѓугенерациската солидарност и потребата од поголема општествена грижа и вклученост на постарите лица.

Со вакви активности, Дневниот центар при Црвен крст Крива Паланка продолжува да создава простор за дружење, изразување и активно учество на повозрасните лица во општествениот живот, поттикнувајќи позитивни промени и рушење на стереотипите поврзани со стареењето.

Tags:
< врати се назад