март 3, 2021

КОНКУРС ЗА НЕГУВАТЕЛ/КА ЗА ПОМОШ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Почитувани, ги повикуваме сите невработени лица од територијата на Општина Крива Паланка кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 03.03.2021 до 21.03.2021 година во просториите на Општинската организација Црвен крст Крива Паланка или на телефонски број 070272211 како и на mail krivapalanka@redcross.org.mk секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот. Обуката е финансирана од страна на World Bank Republic of North Macedonia и Министерство за труд и социјална политика.

< врати се назад