ноември 26, 2025

Крводарителска акција во СОУ „Ѓорче Петров“

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, на 25 ноември 2025 година, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, реализира крводарителска акција во СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка.

На акцијата учество зедоа 99 хумани граѓани–крводарители, меѓу кои и млади ученици кои за првпат даруваа крв. Забележливиот одзив и активното учество на младите веројатно се должат на претходно реализираната мотивациска работилница за крводарителство, која значително придонесе за подигање на свеста и охрабрување на учениците да се приклучат кон овој хуман чин.

Акцијата беше успешно спроведена, а организацијата ја истакнува и ја поздравува хуманоста, солидарноста и подготвеноста на учениците, професорите и на сите граѓани кои несебично го поддржаат крводарителството.

Tags:
< врати се назад