март 13, 2026
Ликовен конкурс ,,Капка што спасува живот”
По повод 17 Март – Денот на крводарителството, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка распишува ликовен конкурс на тема „Капка што спасува живот“.
Целта на конкурсот е преку уметноста да се поттикне хуманоста и да се создадат инспиративни приказни кои ќе мотивираат нови дарители на оваа драгоцена течност.
Право на учество имаат ученици од основните и средните училишта. Делата ќе бидат оценувани и наградени во две категории: ученици од шесто до деветто одделение и средношколци.
Конкурсот е отворен до 25 март 2026 година, а изработките може да се достават во просториите на Црвен крст Крива Паланка.

< врати се назад










































