Меѓународна соработка
Една од примарните задачи на Црвен крст Крива Паланка претставува ефективно и континуирано градење на партнерски односи и соработка преку имплементација на програмски и проектни активности со партнерски организации насочени за помош и поддршка на различни целни групи. Во изминатиот период, Црвениот крст на Република Северна Македонија Општинска организација Крива Паланка континуирано го надградува свој препознатлив имиџ во Република Северна Македонија и Движењето. Разновидноста на нашата организација има голема практична вредност која ни овозможува да стигнеме до повеќе луѓе со поширок опсег на активности. Најважниот предизвик за организацијата е обезбедување континуитет на планот на меѓународна програмска и проектна поддршка за имплементација на активностите на локлално и национално ниво. Тоа се остварува преку иновативно, транспарентно и ефикасно работење за да се задржи интересот на партнерските организации за мобилизирање и обезбедување фондови за имплементација на програми и проекти на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Постигнуваната и воспоставената добра соработка со партнерските организации се добар предуслов Црвен крст Крива Паланка, да продолжи да имплементира разновидни проекти и програми финансирани од меѓународни донатори за повеќе ранливи категории на население во локалните заедници, како и за организациски развој. Програмските и проектни содржини обезбедени со меѓународна поддршка се интегрален дел на презентираните програмски дејности во овој документ.
Црвен крст Крива Паланка остварува меѓународна соработка со повеќе меѓународни организации и национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина по пат на заеднички проекти, хуманитарни акции и размена на позитивни искуства. Примарна цел на меѓународната соработка е размена на искуства и имплементација на заеднички активности како и обезбедување на проектна и програмска поддршка за обезбедување услуги и опслужување на различни категории на корисници.
Меѓународната соработка е насочена кон подобрување на капацитетите на националното друштво за поефикасно извршување на својата хуманитарна мисија во Република Северна Македонија и светот во своите напори за обезбедување и укажување на помош за најранливите категории на население.
Потпишани договори за соработка
Црвен крст на Црвениот крст на Република Северна Македонија има потпишано протоколи за билатерална соработка со повеќе национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина кои ја уредуваат програмската соработка на националните друштва на национално и општинско ниво.
со Бугарски Црвен крст / Протокол за соработка потпишан на 16.09.1994
СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ И ОРГАНИЗАЦИИ
- Бугарски црвен крст – Град Ќустендил
- Црвен крст на Србија – Град Ниш