Менаџмент на волонтери

Мобилизирањето на волонтери од локалните заедници за задоволување на локалните потреби е една од приоритетните задачи и цели како на Црвениот крст на Република Северна Македонија така и на Црвен крст Крива Паланка, токму затоа Црвен крст Крива Паланка развива форми и модалитети за привлекување и задржување на волонтери за спроведување на хуманитарните активности, промовирајќи ги основните принципи и хумани вредности на Движењето.

Согласно Правилникот за Волонтерство на Меѓународната Федерација, секое Национално друштво на Црвен крст и Црвена полумесечина, треба да тежнее да биде една од водечките организации во процесот на мобилизирање и менаџирање на волонтерите за обезбедување помош за ранливото население во неговата земја.

Волонтерството е доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка кое има за цел намалување на ранливоста на населението, во согласност со принципите на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Уште од самото формирање на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина волонтерите се движечка сила за имплементирање на активности наменети за помош и грижа на ранливо население. Со стратешкото планирање националното друштво става акцент, волонтерскиот развој секогаш да биде поврзан со програмскиот развој, со што се определува и одговорност на националното друштво за развојот на волонтерските структури и системи кои ја рефлектираат секојдневната реалност.

Менаџирањето на волонтери претставува процес на планирање и одлучување, организирање на волонтерската активност заради остварување на целите на организацијата на ефективен и ефикасен начин.

За унапредување на волонтерскиот менаџмент во националното друштво издадени се повеќе документи за унапредување на волонтерскиот менаџмент:

  • Стратегијата за волонтерство на Црвениот крст на Република Македонија за периодот 2008 – 2012
  • Кодекс на однесување на волонтерите во ЦКРМ
  • Правилник за волонтирање на ЦКРМ- прирачник
  • Волонтерска служба- волонтерски менаџмент циклус – прирачник
  • Формулари за евиденција на волонтери и волонтерска активност
  • Софтвер за евиденција на волонтери и волонтерска активност- информатичко поврзување на сите ООЦК

Црвен крст Крива Паланка постојано имплементира алатки за регрутирање на волонтерите и соодветно активирање согласно нивните интереси и желби. Се работи на обуки за мотивирање и соодветен пристап за задржување на волонтерите. Преку реализација на сите активности за кои најзаслужни се волонтерите, ЦКРМ придонесува многу за добробит на заедницата и промоција на граѓанска и општествена одговорност. Токму тоа е целта кон која се стремиме, имплементирајќи ги сите активности за развој на волонтерството и волонтерската интеграција во организацијата.

< врати се назад