ноември 17, 2025

Mотивациска работилница за крводарителство во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка

         Во пресрет на престојната крводарителска акција која ќе се одржи на 25.11.2025 година во СОУ ,,Ѓорче Петров’’ Крива Паланка,  Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Црвен крст  Крива Паланка на ден 17.11.2025 година во гимназијата реализираше мотивациска работилница за крводарителство одржана од страна на доктор и двајца едукатори при ООЦК Крива Паланка на која учество зедоа вкупно 95 лица. Учениците од четврта година при СОУ ,,Ѓорче Петров’’ се запознаа со процесот на дарување крв, критериумите за крводарители, личните придобивки од дарувањето и значењето за овој хуман чин.

Tags:
< врати се назад