ноември 21, 2025

Недела на грижа на стари лица

По повод одбележувањето на Недела на грижа на стари лица, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, во периодот од 17.11.2025 до 21.11.2025 година реализираше повеќе активности, како што се: едукативна работилница на тема „Статусот на лицата од трето доба и предизвици со дискриминација“, посета на стари лица во нивните домови, топла меѓугенерациска дружба, културно-забавна активност со староградски песни и традиционални ора, кулинарска работилница со споделување традиционални рецепти, проверка на витални параметри – крвен притисок и шеќер во крв…

Овие активности се со цел да се истакне важноста на лицата од трето доба во заедницата и да се промовира грижа, почит и меѓугенерациска солидарност.

Tags:
< врати се назад