март 1, 2026
Невестинско поклонение – св. Теодор Тирон
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка на ден 01.03.2026 година се вклучи во одбележување на традиционалната манифестација Невестинско поклонение – св. Теодор Тирон во село Конопница со обезбедена логистичка поддршка од страна на 12 волонтери и координатор при Клуб на млади кои активно учествуваа во организација и реализација на активностите. Целта на учеството е преку давање поддршка на настанот да се истакне значењето на духовната традиција, негување на вистинските вредности, како и зајакнување на поврзаноста меѓу генерациите и семејствата.


< врати се назад










































