март 1, 2025

Одбележување на месец Март

На заеднички работилници со меѓугенерациска соработка, корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење заедно со волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Р.С.М. – Општинската организација Крива Паланка изработија над петстотини мартинки по повод почетокот на месецот на пролетта.
Мартинкие на 1 март беа изложени на хуманитарен штанд пред Зградата на Црвен крст Крива Паланка каде волонтерите симболично ги делеа на минувачите кои донираа средства за помош и поддршка на ранливи категории.

Tags: , ,
< врати се назад