мај 13, 2025

Одржано едукативно предавање за справување со стрес кај негувателите

На ден 13.05.2025 година се одржа едукативно предавање на тема „Справување со стрес и емоционално оптоварување кај негувателите на стари лица и лица со попреченост“, со цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје кај оваа категорија.

Предавањето беше насочено кон лицата кои секојдневно се грижат за други, потсетувајќи дека грижата за себе е основа за квалитетна грижа за другите. Присутните имаа можност да се запознаат со практични совети за справување со стресот, како и со техники за релаксација кои можат да се применуваат во секојдневниот живот.

Во рамки на настанот беше отворена и дискусија за предизвиците со кои се соочуваат негувателите, при што се потенцираше значењето на навремената поддршка и отворениот разговор за менталното здравје.

Ваквите активности се од исклучителна важност, бидејќи придонесуваат за подобрување на благосостојбата на негувателите и квалитетот на грижата што ја обезбедуваат.

Tags: , ,
< врати се назад