Општински натпревар по прва помош 2025 година
Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка успешно го реализираше Општинскиот натпревар по прва помош, кој се одржа на 6 мај 2025 година. Настанот обедини млади учесници кои преку практични вежби и сценарија ги покажаа своите знаења и вештини за укажување прва помош во итни ситуации.
Натпреварот беше организиран во две категории – подмладок и младина, при што во секоја категорија учествуваа по три екипи. Во категоријата подмладок се натпреваруваа екипи од три основни училишта, додека во категоријата младина учество зедоа три екипи од средното општинско училиште.
Во двете категории беа доделени награди за прво, второ и трето место. Во категоријата подмладок, првото место го освои ООУ „Св. Јоаким Крчовски“, второто место ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, а третото место ООУ „Илинден“. Во категоријата младина, сите три награди им припаднаа на екипите од СОУ „Ѓорче Петров“, кои се пласираа на прво, второ и трето место.
Натпреварувачките екипи беа оценувани од стручно жири составено од шест доктори, кои ја следеа изведбата и ги вреднуваа нивните знаења, прецизност и брза реакција во симулирани итни ситуации.
Благодарност до сите учесници за нивната посветеност, ангажман и прикажани вештини, ваквите настани се од исклучително значење за подигање на свеста и подготвеноста кај младите за правилна реакција во ситуации кога секундите се одлучувачки.




< врати се назад










































