ОРГАНИЗАЦИОНЕН РАЗВОЈ

         Основната заложба на националното друштво е да обезбедува квалитетни хуманитарни услуги за ранливото население во земјата преку мобилизирање и организирање на човечки и материјални ресурси.

    Постигнатите резултати и напредокот на националното друштво во сите сфери на својата работа, претставуваат добар предуслов за континуитет во спроведувањето на реформски активности и за трансформирање на организацијата во силно национално друштво кое добро функционира. Развојните определби на националното друштво се примарно насочени кон подобрување на имиџот на националното друштво во земјата и во рамките на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, како и кон подобрување на квалитетот на услугите за различни категории на корисници на услуги и надградба на капацитетите на интегралните делови на националното друштво.

     Црвен крст Крива Паланка постојано вложува во унапредувањето и надградбата на организациските капацитети кои се насочени кон задоволување на хуманитарните потреби и справување со најразлични предизвици, но и на подготовка и планирање на поддршка на локалните заедници и обезбедување на можности за подобар живот за ранливото население.

         Нашите напори се насочени кон внатрешно реструктуирање на Општинската организација за постигнување на што поголема ефикасност во работењето и активностите се спроведуваат преку користење на иновативни алатки за подобрување на перформансите во работењето со цел да се обезбедат сеопфатни услуги.

     Остварените резултати и добри практики на планот на организацискиот развој, ни даваат за право да веруваме дека ќе направиме уште еден позитивен чекор во подобрување на капацитетите на нашата општинска организација.

      Црвен крст ќе посвети посебно внимание на подобрување на компетенциите и вештините на човечките ресурси и во насока на ефикасно исполнување на зацртаните цели, задачи и оперативни активности.Тоа од друга страна ќе овозможи надградба на капацитетите на организацијата, одржливо и ефективно работење со финансиските средства и континуиран развој на програмските и проектни активности. 

       Примарна заложба ќе ни биде да обезбедиме квалитетни и навремени хуманитарни услуги за ранливите категории на население, преку мобилизирање и организирање на достапни човечки материјални ресурси .

< врати се назад