март 5, 2026

Посета од Детската градинка ,,Детелинка” во Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење

         

Во организација на Црвен крст Крива Паланка на 04.03.2026 година во чест на празникот 8 Март, се одржа топла и емотивна средба меѓу најмладите и највозрасните граѓани на Крива Паланка. Децата од Детска градинка ,, Детелинка ” го посетија Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење, каде што донесоа радост, внимание и искрени насмевки. Со својата посета тие им подарија на корисниците рачно изработени цвеќиња, изразувајќи љубов, почит и грижа кон повозрасната генерација.
Настанот уште еднаш покажа дека токму преку вакви средби се градат мостови меѓу генерациите – мостови на разбирање, почит и меѓусебна поддршка. Воедно, ваквите активности го поттикнуваат духот на активно, достоинствено и исполнето стареење кај повозрасните граѓани.

Малите раце навистина можат да создадат големи пораки на љубов и хуманост.

Tags:
< врати се назад