март 9, 2026

Превенцијата спасува животи – Активности по повод Недела на борба против рак

           Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка се вклучи во одбележување на Недела на борба против рак во период од 01 до 08 март под мотото: ,, Превенцијата спасува животи ’’.

Во рамки на активностите, четири млади волонтери делеа едукативни флаери и розови панделки, при што беа опфатени околу 70 лица. Дополнително, беше одржано и едукативно предавање во Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење, на кое присуствуваа 40 лица.

Целта на овие активности е подигање на свеста за важноста на превенцијата, раното откривање и практикувањето здрав начин на живот, како клучни фактори во борбата против ракот и зачувувањето на здравјето.

Tags:
< врати се назад