февруари 2, 2026

Продолжуваат социјалните услуги Помош и нега во домот и Центар за дневен престој на стари лица со активно старење во Крива Паланка и во 2026 година

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка и во 2026 година продолжува посветено да обезбедува поддршка за граѓаните на кои таа им е најпотребна.

Во рамки на партнерската соработка меѓу Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка како давател на услугите и Општина Крива Паланка како апликант, со финансиска поддршка од Министерство за социјална политика, демографија и млади, се обезбедува континуитет на значајни социјални услуги во општината.

Станува збор за услугите „Помош и нега во домот“ и „Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење“, кои обезбедуваат грижа, поддршка и социјализација за повозрасните лица и ранливите категории на граѓани.

Овие услуги се особено значајни бидејќи придонесуваат за подобрување на секојдневниот живот на корисниците, им овозможуваат подостоинствено и побезбедно стареење во сопствениот дом и ја намалуваат социјалната изолираност кај постарите лица. Воедно, тие претставуваат важна поддршка и за семејствата на корисниците, кои добиваат сигурност дека нивните најблиски добиваат соодветна грижа и внимание.

Со реализацијата на овие програми се зајакнува солидарноста во заедницата, се унапредува квалитетот на живот и се создава поинклузивна и похумана локална средина за сите граѓани.

Tags:
< врати се назад