Размена на искуства, прошетка и дружење помеѓу двата Центра за дневен престој за стари лица со активно стареење од Крива Паланка и Турново
Во духот на заедништво и активното стареење, корисниците од двата центри остварија заедничка средба во Крива Паланка, исполнета со позитивна енергија, дружење и размена на животни искуства. Дружбата започна со пријатна прошетка покрај кејот на Крива Река, каде учесниците имаа можност да уживаат во убавините на природата и во разговор со нови пријатели.
Потоа, групата се упати кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, каде поминаа мирни и духовно исполнети моменти. Активноста продолжи со заеднички ручек, во пријатна атмосфера исполнета со смеа, музика, разговори и дружење.
Оваа средба уште еднаш потврди дека стареењето не претставува крај, туку ново поглавје исполнето со можности за дружење, нови пријателства и убави спомени.

< врати се назад










































