март 16, 2026

Рекреативна активност – Прошетка до Калин Камен

На ден 16.03.2026 година, во рамките на активностите на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење, беше организирана прошетка до езерото Калин Камен, сместено под истоимениот врв на Осоговските Планини.

Целта на оваа планинска прошетка беше да се поттикне физичкото и менталното здравје, преку престој во природа која нуди мир, релаксација и духовно исполнување. За старите лица, ваквите активности имаат особено значење, бидејќи придонесуваат за одржување на виталноста, зголемување на самодовербата и создавање чувство на задоволство и поврзаност со природата.

Природното опкружување овозможува бројни придобивки за целокупната благосостојба, а прошетките во планина претставуваат прекрасен начин за уживање, дружење и обновување на енергијата.

Tags:
< врати се назад