Secret Santa – Создаваме моменти на радост, заедништво и тимски дух!
Во духот на новогодишните празници, Црвен крст Крива Паланка организира Secret Santa активност, со која се внесе топлина, насмевки и празнична магија кај корисниците и тимот.
Оваа иницијатива беше реализирана за корисниците од Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење, како и за негувателите од услугата Помош и нега во домот. Преку симболични подароци, но со големо значење, се создадоа искрени моменти на радост, внимание и човечка блискост.
Настанот не беше само размена на подароци, туку и можност да се зајакне чувството на заедништво, да се покаже грижа и да се поттикне тимскиот дух меѓу сите вклучени.
Со вакви активности, Црвен крст Крива Паланка продолжува да ја негува хуманоста, солидарноста и грижата за заедницата, потсетувајќи нè дека малите гестови можат да направат голема разлика.




< врати се назад










































