април 1, 2026

Со првоаприлски маски до заедничка радост во градинката „Детелинка“

По повод 1 Април – Денот на шегата, корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење при ООЦК Крива Паланка донесоа радост, смеа и топлина во детската градинка „Детелинка“ .

Преку заедничка игра, шеги и искрени насмевки, беа создадени незаборавни моменти исполнети со љубов, разбирање и меѓусебна почит. Средбата уште еднаш потврди дека годините не се пречка, туку мост што ги поврзува генерациите.

Ваквите активности ја нагласуваат важноста на меѓугенерациското дружење, каде најмладите и највозрасните заедно учат, споделуваат и растат, пренесувајќи ги највредните животни лекции – од срце на срце.

Tags: ,
< врати се назад