Социјално Хуманитарна дејност
Социјално – хуманитарната дејност е значаен сегмент од севкупната содржина на активностите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Крива Паланка. Со реализација на социјално – хуманитарните активности Црвениот крст придонесува во подобрување на социјалната сигурност на граѓаните особено на лицата кои под влијание на низа неповолни надворешни фактори имаат потреба од помош за надминување на проблемите со кои се судруваат. Активностите на овој план се насочени за обезбедување на помош на ранливото население, а особено на децата без родители и од материјално необезбедени семејства, хендикепираните лица, старите и изнемоштени лица, како и на граѓани со материјално – социјални проблеми.
Програмските содржини се имплементираат преку непосредно вклучување и на другите соодветни субјекти и надлежните државни органи за обезбедување на социјална заштита на граѓаните, како и со невладините организации. Црвениот крст реализира значајни активности со поддршка и на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
За успешна реализација на социјално – хуманитарните активности се врши континуирана едукација на кадрите на Црвениот крст. Посебен акцент се дава на едукација на професионалниот кадар и волонтерите за заедничка брза проценка на потребите на ранливите лица во заедниците со вклученост на самите членови од заедницата.
Обезбедување на соодветна и квалитетна услуга на корисниците, зајакнување на материјалните капацитети, како и надградба на човечките ресурси, преставуваат приоритетни заложби на Црвен крст Крива Паланка на полето на соцоцијално хуманитарната дејност.
Традиционалните социјално–хуманитарни активности ќе имаат за цел подигање на јавната свест за придонес во решавање на прашањето од социјаланта сфера. Овие активности ќе се спроведуваат преку кампањи, акции, едукации и креативни работилници и во соработка и поддршка со владините и невладините институции, граѓанскиот и корпоративниот сектор.
Изготвување на посебни програми и организирање на традиционалните програмски активности за:
- Недела на солидарност;
- 16 Октомври (Денот на гладта);
- 1 Октомври (Меѓународен ден на старите лица);
- Недела на грижа на стари лица.
За старите изнемоштени од руралните заедници, кои во изминатата година останаа во голема мера без нашата хуманитарна подршка, во 2020 ќе направиме напори да ја исправиме неправдата и Мобилните волонтерски тимови да ги посетуваат барем по еднаш на два месеци.
Црвен крст Крива Паланка, ќе продолжи со акции и активности за подршка на лицата со посебни потреби и на нивните семејства, присуство во дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.
Црвен крст Крива Паланка, веќе докажана како промотор на промени во социјалните политики сврзани со старите на локално ниво, црпејќи легитимитет од стотиците корисници што ги има во изминатите години, ќе продолжи со активности преку кои:
- Ќе се мобилизираат старите лица во јакнење на сопствената самодоверба;
- ќе стекнат нови вештини во носење на одлуки и обезбедување на заедничка подршка;
- Ќе се учествува на повици за финансирање на програми кои ги засегаат и опфаќаат возрасната популација на населени.