мај 29, 2025

Средба на корисниците од Центрите за активно стареење од Крива Паланка и Турново

На 29 мај 2025 година, се одржа заедничка средба помеѓу корисниците на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење од Крива Паланка и корисниците од Турново, при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица.

Средбата помина во духот на дружење, меѓусебно запознавање и размена на животни приказни, искуства и позитивна енергија. Корисниците имаа можност да создадат нови пријателства и да ги зацврстат постоечките врски, потврдувајќи ја важноста на социјалната вклученост во третото доба.

Во рамки на активностите беше реализирана и заедничка посета на повеќе значајни духовни и културни локалитети:

  • Манастир „Св. Богородица Елеуса“ – Вељуса
  • Манастир „Св. Леонтиј“ – Водоча
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ – Турново

Оваа средба претставува уште еден значаен чекор кон промовирање на активното, исполнето и достоинствено стареење, испраќајќи силна порака дека годините не ја мерат младоста на духот.

Tags: ,
< врати се назад