СТАТУТ НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КРИВА ПАЛАНКА
С Т А Т У Т
на
Црвен крст на Република Северна Македонија
Општинска организација Крива Паланка
( ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ )
ГЛАВА I
О П Ш Т И О Д Р Е Д Б И
Член 1
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка (во понатамошниот текст: Општинска организација) е хуманитарна, доброволна, непристрасна, неутрална, универзална и независна организација на граѓаните, формирана од Црвениот крст на РСМ за една или повеќе единици на локална самоуправа коишто ги покрива со своето работење.
Општинската организација во смисла на став 1 од овој член, дејствува и работи како непрофитна, самостојна и автономна организација и има помошна улога на властите во единиците на локалната самоуправа, при што ја задржува автономијата која му дозволува да дејствува во согласност со политиките на Црвениот крст на РСМ и со основните принципи на Движењето.