СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
Во својата структурна поставеност, Црвен крст на РСМ- ОО Крива Палнка има Собрание, како највисок орган на управување, Раководен одбор како извршен орган, Претседател, Потпретседател, Финансиска комисија, Млади на Црвениот крст и комисии како советодавни работни тела, секретар и волонтерска служба.
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Крива Палнка, во текот на своето многугодишно постоење и работа има долга и успешна активност во изминатите години во служба на човекот. Националното Друштво како и Црвен крст Крива Палнка прерасна во современа, ефикасна но и автономна организација, рамноправен партнер со сите национални друштва во Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Црвен крст Крива Палнка со своите акции и активности ја докажа улогата на организација која е кадровски и технички спремна и способна успешно да работи на надминување и разрешување на проблемите и прашањата кои што се поставуваат пред членството на Црвениот крст на РСМ.
Организирани се голем број активности од социјалната програма, здравственото воспитување и превентивата, првата помош, превенција на болести на срцево крвните садови, превенција на ракот, превенција на туберкулозата, превенција на зависностите, психолошка поддршка, грижата за бегалците и раселените лица, унапредување на крводарителството преку доброволност, анонимност и бесплатност, програма за подготвеност во услови на катастрофи и обука, а посебно внимание е посветувано за современа дисеминација и ширење на меѓународното хуманитарно право и активностите на Младите на Црвениот крст како и голем број други активности.
Во наредната активност сме упатени на сопствените ресурси зошто основата на стратегијата за натамошниот развој во Меѓународната федерација е децентрализација на програмите и поголема зависност од сопствените потенцијали и проекти освен на странски и од домашни донатори. Зголемување на бројот на волонтерите и мобилизирање на заедниците. Тоа претпоставува зголемување на капацитетите на самата организација за подготвеност и ублажување на последици од катастрофи и успешна интеграција во европските иницијативи.
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Последниве години на планот на институционалниот развој се преземани мерки и носени се одлуки за зголемување на ефикасноста во работењето, иницијативи за зголемување на капацитетите и јакнење на волонтаризмот и се правени дополненија и ревизија на Статутот за создавање услови за поефикасно функционирање на органите и облиците за дејствување, рационализација на трошоците за остварување на функцијата и единство во акцијата, координирано и синхронизирано дејствување на конститутивните делови.
Во РС. Македонија се донесени повеќе закони и подзаконски акти кои го засегнуваат Црвениот крст на РСМ.
Само ќе ги споменеме најважните закони и подзаконски акти со кои се регулира начинот на кој Црвениот крст на РСМ партиципира во оранизирањето и спроведувањето на активности во РСМ.
З А К О Н И
- Закон за Црвен крст на Република Северна Македонија (Сл. Весник на РСМ бр.41/1994)
- Закон за јавните патишта (Сл.Весник на РСМ бр. 26/96) К Ослободување од плаќање на годишен надоместок за возила од регистрација (член 108)
- Закон за изменување на Законот за јавните патишта (Сл.Весник на РСМ бр.31/2006) К Ослободување од плаќање на надоместок за употреба на автопат (член 109)
- Царински закон (Сл.Весник на РСМ бр.39/2005) К Ослободување од плаќање увозни давачки ( член 195 точки 1 и 2)
- Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РСМ бр.14/98) К Оспособување на кандидати за возачи, настава по прва помош (член 244);
- Изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Сл.Весник на РСМ бр. 38/2004) К Оспособување на кандидати за возачи, настава по прва помош (член 20).
- Закон за заштита и спасување (Сл.Весник на РСМ бр.36/2004) К Учество на невладини организации (член 49)
- Закон за управување со кризи (Сл.Весник на РСМ бр.29/2005) К Учество на Црвениот крст на РСМ (член 2 и 24)
У Р Е Д Б И
- Уредба за начинот на спроведување на мерката за заштита и спасување прва медицинска помош (Сл.Весник на РСМ бр.80/2005)
- Уредба за спроведување на асанација на теренот (Сл.Весник на РСМ бр.80/2005)
- Уредба за условите и начинот на потрага по воздухоплов и спасување на воздухоплов (Сл. Весник на РСМ бр.88/2001)
П Р А В И Л Н И Ц И
- Правилник за видот и обележувањето на капалиштето (Сл.Весник на РМ бр.59/2001)
П Р О Г Р А М И
- Програма за организирање и унапредување на крводарителство во Република Северна Македонија
- Програма за содржините од областа на постапување во случај на сообраќајна незгода (укажување на прва помош) (Сл.Весник на РМ бр. 60/2004)