СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Црвениот крст на РСМ Општинска Организација Крива Паланка е организиран на:

  • Општинско ниво
  • Основно ниво

Раководна структура на Црвениот крст на РСМ Општинска Организација Крива Паланка:

  • Собрание
  • Претседател
  • Потпретседател
  • Раководен одбор

Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РСМ Општинска Организација Крива Паланка е Собранието на Црвениот крст на РСМ Општинска Организација Крива Паланка кое брои вкупно 17 члена.

Собранието е составено од:

  • Избрани членови предложени од основните организации на Црвениот крст.
  • Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
  • Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор.
  • Раководниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РСМ е орган на Собранието кој раководи со општинската организација  помеѓу седниците на Собранието. Бројот на членовите на раководниот одбор е 7.
  • Мандатот на членовите на Раководниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
  • Раководниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.

Постојани советодавни тела се:

  • Комисија за организација, развој и човечки ресурси.
  • Комисија за статут и нормативни акти.
  • За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните , материјално-финансиските и административно-техничките работи.
  • Со Стручната служба раководи секретарот на Црвен Крст на Република Северна Македонија Општинска организација Крива Паланка.
  • Членовите на Црвениот крст на РСМ опфатени во подмладокот и младината се организираат во : Клуб на Млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија Општинска организација Крива Паланка.

< врати се назад