Тактичко – показна вежба 2025 година
На ден 20.05.2025 година на просториите на компанијата „Макпетрол“ беше одржана тактичко-показна вежба за интервенција при пожар во моторно возило. Во вежбата учествуваа: територијалната противпожарна единица, полициска служба, волонтери и симулирани учесници, кои глумеа повредени, сведоци и случајни минувачи.
Сценариото опфати симулирана експлозија и пожар на моторно возило, со евакуација на лицата во возилото, давање на прва помош и интервенирање во услови на опасност од ширење на пожарот. На терен веднаш интервенираат пожарникарски екипи со опрема и возило, изведуваат гаснење со пена, спасувачки тимови даваат прва помош на повредените, а полицијата го обезбедува периметарот.
Вежбата помина успешно, а надлежните ја оценија како корисна и неопходна за подигнување на нивото на безбедност и ефикасност при справување со реални закани.
Целта беше: спасување на повредени лица од возило; да се прикаже правилен пристап при гаснење на пожар од запаливи течности; да се поттикне соработка меѓу институциите; да се едуцира јавноста за опасностите при полнење гориво и запалување на возила; вклучување на младите, ученици и волонтери, со цел да се подигне свеста кај нив за ризиците од запаливи материјали и за значењето на брза, одговорна реакција при итни ситуации;




< врати се назад










































