Тим на Црвен крст Крива Паланка

Тимови за одговор при катастрофи

На иницијатива на Црвениот крст на РСМ, во Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка 2010 година се формира Тим за одговор при катастрофи од 20 волонтери.

Тимо имаше можност отогаш до ден денес да проследат предавања и практични вежби за поим, видови исправување со катастрофи, основи на логистика, практичен дел местење и растурање на шатори, комуникации и информации со практични вежби, проценка, пред, за и по катастрофата, прва помош, психолошка поддршка и сл.

Постојаните работни средби и тренинзи со тимовите придонесоа за нивно организациско, кадровско и стручно оспособување.

Во изминативе години, Тимови на Црвен крст учествуваа во справување со кризни и вонредни состојби на територијата на РС Македонија.

< врати се назад