ЦКА-ПХВ 2026 година
Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка успешно реализираше три обуки во рамки на програмата ,,ЦКА – ПХВ 2026 “, на кои учество зедоа 35 млади луѓе.
Обуките беа насочени кон поттикнување на хуманите вредности, развивање на волонтерски дух и мотивирање на младите активно да придонесуваат во својата заедница. Учесниците покажаа голем интерес, ентузијазам и подготвеност за вклучување во активности од хуманитарен карактер.
Во текот на обуките беа формирани неколку групи составени од обучени и подготвени волонтери, кои ќе работат на реализација на идни активности и иницијативи насочени кон подобрување на животот во локалната заедница.
Младите се движечка сила на позитивните промени и нивната енергија , идеи и мотивација се клучни за создавање похумано и посолидарно општество.



< врати се назад










































