август 14, 2025

Црвен крст со навремена поддршка на граѓаните за време на топлотните бранови

Во текот на летото 2025 година, Црвениот крст активно спроведуваше теренски и превентивни активности со цел заштита на здравјето на населението и намалување на ризиците од високите температури.

Волонтерите беа постојано присутни на фреквентни јавни локации, каде делеа флаширана вода и едукативни флаери со совети за заштита од жештини и укажување на прва помош. Дополнително, на граѓаните им беше овозможена бесплатна проверка на крвниот притисок, како и директни здравствени совети, со посебен фокус на повозрасните и хронично болните лица.

Во дел од активностите беа вклучени и негуватели од услугата „Помош и нега во домот“, а во августовските активности се приклучија и припадници на полицијата, со што се зголеми присуството на терен и информираноста кај населението.

Преку овие координирани активности, Црвениот крст придонесе за подигање на јавната свест, превенција од здравствени ризици и обезбедување навремена поддршка за граѓаните во услови на екстремно високи температури.

Вкупно со активностите беа опфатени над 600 граѓани.

Tags:
< врати се назад