Вашата капка крв не е само капка – таа е светлина, надеж и нов почеток
На ден 16.09.2025 година, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка успешно реализираше крводарителска акција, која се одржа во салата на Црвениот крст. Акцијата беше организирана со цел да се подигне јавната свест за значењето на доброволното крводарителство, хуманоста и солидарноста кон оние на кои им е најпотребна помош.
Вкупно беа собрани 92 крвни единици, меѓу нив имаше и 12 нови херои кои за првпат даруваа крв.
Оваа акција уште еднаш ја потврди високата свест на граѓаните за важноста на доброволното крводарителство како израз на хуманост и солидарност, истакнувајќи го значењето на редовното учество во вакви активности како клучен придонес за зачувување на животите во заедницата.



< врати се назад










































