VI-та крводарителска акција – 2025
На 28 април 2025 година, Црвен Крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Крива Паланка во соработка со ИТМ Скопје успешно ја реализираше шестата крводарителска акција за оваа година.
Со гордост информираме дека беа собрани 98 крвни единици, што претставува 98 конкретни причини за благодарност, но и 98 можности за спасување на човечки животи.
Упатуваме искрена благодарност до сите крводарители кои со својот хуман гест внесуваат надеж таму каде што таа недостига. Вашата поддршка е од непроценливо значење за функционирањето на здравствениот систем и спасувањето на животи.
Воедно, ги охрабруваме сите граѓани кои се во можност да се приклучат на идните крводарителски акции и да станат дел од оваа хумана мисија.
< врати се назад










































