Водици и Пивтијада 2025
На 19.01.2025 година, во Крива Паланка, на Градскиот плоштад беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, како и Пивтијада 2025. Традиционално, оваа манифестација привлекува голем број на учесници и посетители, а на истата учество зедоа и волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка.
Младите волонтери беа активни во делењето храна и топли напитоци на присутните граѓани, со цел да се зајакне духот на заедништвото и грижата за сите. Овој хуман гест ја истакна нивната посветеност и ангажман во локалната заедница, при што покажаа како младите можат да бидат пример за добрина и соработка.
Акцијата беше значаен дел од прославата на Водици 2025 и претставува практичен начин за поддршка на духот на хуманоста и солидарноста.


< врати се назад










































