јуни 17, 2020

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка во акција за делење флаери и заштитни маски за граѓаните

Како и во текот на целата пандемија со Ковид-19, така и денес, волонтерите на општинската организација Црвен крст  Крива Паланка и денес беа на терен со граѓаните, реализирајќи ја акцијата за делење заштитни маски и флаери со препораки за заштита на населението.

Маските и флаерите волонтерите на ОО Црвен крст Крива Паланка ги делеа заедно со  комунално-редарската служба при општината, со асистенција на вработени од МВР.

Активноста се спроведе по препорака на штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка, а нашите мобилни волонтерски тимови заедно со комуналните редари во Одделението за инспекциски надзор во Општина Крива Паланка и полициски службеници од ОВР  Крива Паланка  поделија 300 заштитни маски и над 500 флаери на граѓаните обезбедени од локалната самоуправа.

Воедно, по препорака на кризниот штаб, Црвен крст изработи и флаери со препораки и совети за соодветна заштита на населението од Ковид-19 , кои им беа дистрибуирани на граѓаните и вработените во институциите на подрачјето на Општина Крива Паланка, со цел подигнување на колективната свест за превенција и спречување на ширењето на Ковид-19.

Во постојана координација сме со Општински кризен штаб, со одговорните служби и општината. Во служба сме на граѓаните, она што е впрочем и наша мисија, а отворената телефонска линија 078 30 30 60 за помош и консултација на граѓаните во врска со превенција и спречување на ширење на Ковид-19 останува активна. Сите граѓани кои имаат потреба од психо-социјална поддршка, дистрибуција на храна, заштитни средства, лекови и друго, можат истата да ја остварат преку нашите мобилни волонтерски тимови.

Црвен Крст Крива Паланка реализира достава на потребни намирници, храна и лекови, како и хигиенски средства за населението, кои сами ги праќаат, по претходно пријавување на наведениот телефонски број.

.

< врати се назад