„Здрав живот, здраво срце“ – Активности за превенција од срцевосадови заболувања
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка се вклучи во одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања во периодот од 21 до 28 февруари, под мотото „Здрав живот, здраво срце“, реализирајќи активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните.
Во градскиот парк беше спроведена акција за проверка на крвен притисок, при што волонтерите делеа едукативни флаери за превенција и заштита од срцевосадови заболувања. Со активноста беа опфатени околу 120 лица, со цел укажување на значењето на здравиот начин на живот, редовната контрола и навремената превенција преку промоција на здрави навики.
Во рамки на одбележувањето беше реализирано и едукативно предавање во Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење, со фокус на правилна исхрана, физичка активност и редовна контрола на здравствената состојба како клучни фактори за зачувување на здравјето на срцето.



< врати се назад










































